Не е постигнат договор за Специјалното јавно обвинителство помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРОД ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои вера вечер имаа средба во владата.
Опозицискиот лидер смета дека овој состав на СЈО не смее да ја добие довербата, но оти ВМРО ДПМНЕ стои на располагање заедно со власта да работат на решение за СЈО кое ќе биде во интерес на државата.
Овој Специјален Јавен Обвинител заедно со нејзиниот тим, не може и не смее да ја добие довербата бидејќи не само што не ја оправдаа довербата од граѓаните кога беа формирани, туку напротив во многу наврати истата таа доверба ја злоупотребија. Лично мислам дека и како човек и како професионалец не треба да ја добие таа доверба од страна на политичките партии но и јавноста во Република Македонија. Да сме за отворање на разговори и преговори на партиско ниво помеѓу опозицијата и владејачкото мнозинство околу содржината на законот. Да сме да отпочнеме еден таков дијалог. Се договоривме да од утрешниот ден па натаму ги формираме тие работни групи да отпочнат една дебата да го прошимириме и опфатот, да отвориме и теми кои што политички беа затварани во минатото. Зошто да не отвориме нешто што овие граѓани ги фрустрираше изминативе 27, 28 години транзиција и независност на Република Македонија. Да ги затвориме еднаш засекогаш за да можеме да одиме напред. Јас дадов предлог еве и на време на средбата и сега да почне тоа од мене и од моето семејство истото го побарав и од претседателот на владата и тој рече во ред, нема никаков проблем. Така што да го отвориме буквално сето она кое што во минатото беше некако под тепих ставано, а кое што немаше јасна завршница помеѓу македонската јавност. – изјави Мицкоски по средбата.
Вo врска со претседателските избори,Мицкоски истакна дека на средбата ги кажал забелешките, ди дека Владата деновиве ќе има шанса да се корегира во нејзиното однесување, со цел фер кредибилен и демократски изборен процес. Тој е уведен дека идниот претседател на државата ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова, по што треба да следат предвремени парламентарни избори.
OhridNews