Соопштувајќи дека „бомбите“ за Антонио Милошоски објавени на „Јутјуб“ биле нелегално стекнати материјали, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се дистанцира од телефонските јавување на високиот функционер на партијата во Врховниот суд, во кои бара поволна пресуда во случајот поврзан со неговиот татко, пренесува „Независен“.

Политичарите треба да бидат надвор од интервенциите во судството. – изјави Мицкоски, но директно не го спомена Милошоски, забележува изворот.

Според Мицкоски, Заев и Милошоски имаат „недокажани работи“, за кои би било најдобро да се разберат на тв дуел.

OhridNews
извор: „Независен“