Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

За таа цел, Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која што овие дивоградби, посебно во Охрид, а посебно оние дивоградби кои што имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти, ќе бидат срушени, и со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои што ги злоупотребуваат. А не треба на јавноста, и на вас, да ви кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, дециден е Мицкоски.

Според Мицкоски, додека опозицијата ликувала за оваа состојба, Владата се борела да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период за примена на препораките, што за жал претходата влада не ги почнала, а се однесуваат за период од 2017 до март 2024 година.

Не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до политичките партии од претходната Влада, продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поединци блиски во претходната Влада. Па така, некои од одобренија за реконструкции прават нови згради, да речеме, во центарот на Охрид, додаде Мицкоски.

OhridNews