Премиерот Христијан Мицкоски вчеравечер присуствуваше на неформалната вечера во организација на  претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, за шефовите на државите учесници во Процесот Брдо-Бриони.

Во фокусот на разговорите, како што информира Мицкоски, биле регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион, посочува Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.

OhridNews