Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес облачно со врнежи од дожд, Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска акивност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север во деновите од викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (3 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

OhridNews