Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење. Пред 1100 години ја испратија универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста, порача во своето обраќање денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за време на трибината „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“,што се одржавоОхрид.

На трибината, што беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски додаде дека Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа.

Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сеуште е живо како никогаш до сега. И дело врз чии темели се родија и Светите Климент и Наум, зборот на Мисирков, Пулевски, Прличев, Коневски. Таа македонска низа на безвременото дело низ чии корени се изнедри македонскиот збор и писмо. Заслуга на работата на Св. Кирил и Методиј е секој денешен изговорен или напишан збори, стих или текст на македонски или полски, српски или руски, украински или словенечки, чешки, хрватски, бугарски или било кој друг словенски јазик, додаде Мицкоски.

 

Професорот на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски во Скопје, Ѓоко Ѓорѓевски на трибината потенцираше дека мисијата на браќата Кирил и Методиј е единствена, а ние сме горди на нив и нивното творештво.

Забележани се многу мисии економски, политички, религиозни но чинам дека оваа мисија на браќата Кирил и Методиј е единствена затоа што е просветителска за нас, за целиот словенски род па и за нас македонците. Еден вид на ориентација и инспирација за тоа како треба навистина да изгледа една црковна мисија. Тоа тие што го направиле е во еден процес на инкултурација тоа значи дека се обиделе на еден автентилчен начин да го пренесат божјото слово не обидувајќи се врз никого да влијаат врз нечиј идентитет или јазик, туку да го пренесат на автентичен начин, додаде Ѓорѓевски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков рече дека нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет, а македонскиот јазик, нашата писменост, се најзначајните репрезенти на нашата земја.

Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство, посочи Љутков на денешната трибина.

OhridNews

Фото: ВМРО ДПМНЕ