Екипата на Мидлзброу остана без менаџер на клупата, откако предвремено го раскина договорот со шпанскиот стручњак Аитор Каранка.


Мидлзброу кој под палка на Каранка се врати во англиската елита нема победа од декември минатата година и падна во опасната зона од табелата во Премиер лигата.

– Му се заблагодарувам на клубот кој ми пружи можност да работам тука. Тука ми беше убаво, Мидлзброу секогаш ќе има посебно место во моето срце. Се надевам дека успешно ќе ја заврши сезоната. – изјави Шпанецот после отказот.

Неколку имиња се споменуваат за наследник на Каранка, а во потесниот круг се наоѓаат Најџел Персон, Стив Мекларен, Алан Пердју и Рој Хоџсон.

Новиот менаџер на дебито на клупата од Мидлзброу ќе има тешка задача, бидејќи на домашен терен го пречекуваат Манчестер Јунајтед.

OhridNews