Екипата на Мидлзброу предводена од Аитор Каранка, кој своевремено беше помошник На Жозе Мурињо во Реал Мадрид е пред враќање во Премиер лигата.
„Црвено белите“ на 25 мај на Вембли против подобриот од дуелот Норвич – Испвич ќе играат за натпревар за влез во англиската фудбалска елита.
Фудбалерите од „Риверсајд“ во полуфиналето го совладаа Брентфорд со убедливи 5-1. Првиот натпревар на гостински терен Мидлзброу го доби со 2-1, а пред своите гледачи славеше со 3-0.
Промоција без бараж во англиската Премиер лига обезбедија Бурнмаут и Ватфорд.
Мх.П.