Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер го продава својот имот во Швајцарија, кој опфаќа стамбен простор со површина од 750 квадратни метри, хелидром, базен, домашно кино и тениски терен.
Се зборува дека причина за тоа е љубовта на неговата сопруга Корина кон коњите и јавањето. На имотот немало коњска штала, па поради тоа парот купил куќа на самиот брег на Женевското езеро, која ги чинела 35 милиони евра. Кога ќе се земе во предвид овој податок, цената за неговата стара вила од 13 милиони евра е многу ниска.