Михаил Мишев е избран за нов претседател на охридскиот еснаф на угостители. Tој на оваа функција ќе го замени Димитри Пендовски, кој долги години беше претседател на еснафот на угостители во Охрид. На седницата на здружението Охридски еснаф, што се одржа денеска, за потпретседател е избрана Енис Хилми. Исто така, избрани се и членови на Управниот орган и нивните заменици.
Еснафот на угостители – Охрид избра ново раководство
Целта на ова Здружение е унапредување на угостителството во Охрид, како и застапување на правата и барањата на охридските угостители.
OhridNews