На лагите и лицемерието на Петрески и локалната самоуправа им нема крај. Нивните ветувања кон граѓаните на Охрид се само празни зборови, рече на денешната прес- конференција во село Лескоец, претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

–     Ги повикувам Бранко Црвенковски и неговиот кандидат за градоначалник, Александар Петрески, во селото Лескоец  да дојдат и да им објаснат на жителите зошто едно населено место со 5.000 жители сеуште нема канализација и живее во несоодветни санитарни хигиенски услови и зошто за водоснабдувањето, коешто го изградиле жителите на МЗ Лескоец, им се поднесуваат тужби за наплата на вода за години наназад кога со водата стопанисуваше самата Месна Заедница, рече Михаилов.

Тој додаде дека граѓаните го препознаваат  криминалното владеење на Александар Петрески и неговата тајфа и дека на наредните локални избори ќе ги избришат од политичката сцена во Охрид.

OhridNews