Со експресна реакција по одржувањето на прес конференцијата на општинската ВМРО- НП се огласи претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов кој за нивниот предлог рече дека претставува врв на лицемерието со кое се потценуваат сопствените граѓани.

– Неколкумина во ВМРО-НП  изгледа мислат дека граѓаните не знаат кој осум години управуваше со МЈП Проаква и какви штети му се направија на јавното претпријатие. Кога ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот го презедоа јавното претпријатие, долговите на Проаква изнесуваа повеќе од 8 милиони евра . Таму 8 години директоруваше кадар на ВМРО- НП, зарем мислат дека граѓаните толку малку знаат или мислат дека со некакви безидејни прес конференции ќе можат да го свртат вниманието на погрешна страна. МЈП Проаква е едно од најзадолжените јавни претпријатија, а за тоа главен виновник  е токму претходното раководство во кое заменик директор,ми се чини беше потпретседателот на ВМРО-НП, рече Михаилов.

Михаилов додаде дека борбата за враќање на јавното претпријатие на нормални патеки и за враќање на долговите е започната и дека ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот прават се што е потребно за претпријатието нормално да продолжи да функционира.    

OhridNews