Поранешниот тренер на Охрид 2004, Горазд Михајлов денес ја напушти клупата на битолскиот прволигаш Пелистер. Одлуката за повлекување од функцијата тренер на “зелено белите“ Михајлов ја донесе пред куп пресметката со големиот ривал Вардар.


Серијата од шест натпревари без победа, во кои Пелистер претрпе четири порази беа доволен показател за Михајлов да поднесе оставка.

Нов тренер на екипата е Миле Димов, кој мината сезона го предводеше Пелистер по заминувањето на Марјан Секуловски.

Димов на “зелено белата“ клупа ќе има пеколен старт. Во рамките од четвртфиналето на Купот на Македонија, Пелистер в среда на 7 ноември на домашен терен го пречекува македонскиот првак Вардар.

Мх.П.