Женската фудбалска репрезентација во Охрид, ги прави последните подготовки пред тест дуелот со западнот сосед Албанија. Репрезентацијата од неодамна има нов селектор во името на Горазд Михајлов. Пријателскиот натпревар со “црвено црните“ ќе биде официјално деби на поранешниот стратег на Охрид 2004.

– За мене ова деби натпревар како селектор на женската репрезентација на Македонија. Во пријателскиот натпревар со Албанија не сме комплетни распологаме со фудбалерки од домашното првенство. Кога дојдов на функцијата напоменав дека сите ќе добијат шанса да настапат во националниот дрес – потенцираше селекторот на Македонската репрезентација, Горазд Михајлов.

Македонската репрезентација со четири порази на шест натпревари ги загуби шансите за пласман на Европското првенство во 2013 година.

Од овој момент јас и мојот стручен штаб правиме нова селекција за наредниот циклус бидејќи тековниот е загубен. Како што се одвиваат подготовките, јас сум задоволен а кај девојките гледам можност за голем напредок – заврши Михајлов.

Експедицијата на Македонија, пријателскиот натпревар со соодветната селекција на Албанија ќе го одигра во Поградец.

Мх.П.