Стратегот на охридскиот тим, Горазд Михајлов не го криеше разочарувањето по поразот од Работнички, во меч во кој се до 70 минута беа повеќе од рамноправен противник.

– Благодарение на судијата Мантев, Работнички го оствари она по што беше дојден и постигнаа погодок по еден полунапад. Ние имавме серија шанси кои ние не успеавме да ги реалзираме, и покрај сите негативни случувања во клубот фудбалерите смогнаа сили да го одиграат овој натпревар и да дадат се од себе – рече Михајлов.

М.П.