“Нема што да криеме на мечот со Напредок одиме да победиме и да освоиме нови три бода“ – вели стратегот на охридските бели, Горазд Михајлов, кој на мечот со Работнички го претпре првиот пораз на охридската клупа.


– Тешко ни падна поразот од Работнички но ние со исправни глави продолжуваме понатаму. Оваа битка е изгубена но не и војната, ние нема да се предадеме, секој натпревар за нас е квалификациски , верувам во оваа млада екипа и очекувам нивниот квалитет да дојде до израз – вели Михајлов.

За мечот против кичевски Напредок, Михајлов не може да смета на суспендираниот Немања Брадоњиќ.

Двојки :

Среда, 28.03.2012 – 22. коло 15.00 часот
      Тетекс – Ренова  –     
      Нaпрeдoк – Охрид 2004  –     
      Рaбoтнички – Силекс  –     
      11 Октомври – Брегалница 2008  –     
      Хоризонт Турново – Вардар  –     
      Металург – Шкeндијa  –     

Табела:

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same Вардар 21 16 5 0 34:7 53
2 same Металург 21 12 7 2 31:9 43
3 same Шкeндијa 21 12 4 5 34:19 40
4 same Силекс 21 9 3 9 28:31 30
5 same Ренова 21 6 10 5 29:24 28
6 same Рaбoтнички 21 7 5 9 31:27 26
7 same Брегалница 2008 21 7 5 9 28:29 26
8 same Охрид 2004 21 6 6 9 19:28 24
9 same Тетекс 21 5 7 9 14:30 22
10 same Нaпрeдoк 21 6 4 11 17:34 22
11 same Хоризонт Турново 21 5 5 11 17:26 20
12 same 11 Октомври 21 2 5 14 16:34 11
Ohridnews