Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ може експресно да се врати во италијанската Серија А откако доби отказ од Милан.
Сериозно заинтересиран за ангажман е тимот на Лацио кој пак, после поразот од Рома во дербито го промена тренерот и го назначи Симоне Инзаги.
Михајловиќ со „лацијалите“ се поврзуваше уште минатата сезона, но тој одлучи да го преземе кормилото на Милан.
Србинот во Лацио ќе биде како дома бидејќи од 1998 до 2004 година како играч ги бранеше боите на тимот и активно учествуваше во последната титулата во Серија А.
Моментално, „лацијалите“ се наоѓаат на осмата позиција со 45 бодови и далеку се од борбата за местата кои водат во Лигата на Европа.
OhridNews