Само што дебитираше во дресот на Сампдорија некогашниот член на Барселона, Интер, Евертон и Челси, Самуел Ето си направи проблеми во новата средина откако не се појави на вториот тренинг.
Италијанските медиуми веќе и го отпишаа Ето од составот од Сампдорија познавајќи ги принципите на Синиша Михајловиќ.
– Со непојавувањето на тренингот тој покажа непочитување прво спрема мене, а потоа и према екипата. Не знам што клубот планира понатаму со него. Иначе воопшто немав караница со Ето бидејќи едноставно тој не се појави на тренингот. – рече Михајловиќ.
Српскиот стратег воведе строг режим за играчи по убедливот пораз од Торино 5-1 во 21-та рунда од Серија А.
Мх.П.