Големи се шансите следната сезона на „Етихад“ да се појават нови лица во стручниот штаб и раководството на клубот.


Пред преселба во Манчестер Сити се Синиша Михајловиќ и Роберто Манчини кои моментално се тренери на Сампдорија односно Интер.

Поранешниот српски селектор е поврзуван со презамање на менаџерската функција откако сезонава повеќе од успешно ја води екипата од Џенова.

Манчини би се вратил во Манчестер, но како менаџер туку како спортски директор во клубот со кој освои титула во Премеир лигата.

Договорот на Михајловиќ со Сампдорија истекува во јуни, а за неговите услуги загреани се Милан, Рома и Наполи.

Мх.П.