Српскиот стратег на клупата од Сампдорија, Синиша Михајловиќ имаше непријатна случка со разлутен навивач кој физички го нападна пред клубскиот автобус.

Навивачот прво ги провоцирал и вреѓал играчите, а веднаш потоа му се фрлил на Михајловиќ и со тупаница го удрил по лицето по што му ги скршил очилата за сонце.

По неуспешниот обид за разговор за навивачот Михајловиќ му возвратил со иста мера, но поголем инцидент спречиле играчите кои биле во близина на инцидентот.

Мх.П.