„Росонерите“ за прв пат сезонава ги израдуваа своите навивачи победувајќи на Сан Сиро 2-1 против Емполи. Стрелци на головите за Милан беа новите напаѓачо Карлос Бака и Луис Адријано.


– Не заслуживме победиме. Од минатата сезона ништо не е променето во екипата. Играчите премногу се уплашија од противникот што е крајно недозволиво. Кога Емполи го постигна израмнувачкиот погодок на стадионот се случи мрак и немаше никаква надеж за подобрување на ситуацијата. Нашите напаѓачи ја направија разликата на теренот, што за наша среќа не одведе до победа. – рече Синиша Михајловиќ.


Трите бодови од дуелот со Емполи се први сезонава за „росонерите“ во Серија А. Претходно, миланезите на стартот од шампионатот претрпе пораз од Фиорентина 2-0.

Ohridnews