Асистентот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и поранешниот играч на „топчиите“, Микел Артета изби на чело како главен фаворит за наследник на Арсен Венгер на клупата од Арсенал.
Артета за Арсенал настапуваше пет сезони од 2011 до 2016, а одма шпанскиот стручњак Гвардиола го приклучи во стручниот штаб кој годинава му ја донесе петтата титула на Манчестер Сити во Премиер лигата.
36-годишниот Артета од фаворитска листа ги потисна Масимилијано Алегри и Карло Анчелоти, додека низ кулоарите се шпекулираше и со името на Томас Тухел кој го официјализираш договорот со ПСЖ.
Венгер од Арсенал замина после 22 години. Низ кариерата францускиот стручњак освои три премиерлигашки титули и еднаш успеа да се пласира во големото финале во Лигата на Шампиони.
OhridNews