Данецот Микел Хансен вторпат е најдобар ракометар на светот во традиционалниот избор на ракометниот портал „Планет хендбал“. Првото вакво признание тој го доби во 2016 година.

Во годинешното гласање учествувале над 70.000 вљубеници во ракометот. Зад Хансен, според бројот на гласовите, се неговите сонародници Никлас Ландин и Расмус Лауге.
Победници во овој респектабилен избор претходно биле Унгарецот Ласло Наѓ (2011), Чехот Филип Јиха (2012), Хрватот Домагој Дувњак (2013), Французинот Никола Карабатиќ (2014 и 2015), Шпанецот Арпад Штербик (2017) и Норвежанецот Сандер Сагосен (2018).
OhridNews











