“ Француската кинематографија е поучна од повеќе аспекти, пред се во односот кој го има државата кон филмот. Во Франција се смета дека филмот е водечка уметност и дека има големо значење за својата земја и дека филмот не е само производ кој треба да се продаде, туку и публиката треба да биде  активен дел од филмот” , вели српскиот актер Мики Манојловиќ, кој како гостин на Фестивалот на француски филм, деновиве престојува во Охрид. 

“ Многу се значајни копродукциите и меѓусебните врски кои ги воспоставуваат продуцентите во однос на создавањето на еден филм. На тоа не учи и француската  кинематографија, а овој фестивал е вистинско место за воспоставување на соработки од кои во иднина би произлегле нови филмски дела” , потенцира српскиот актер.

Ohridnews