По неколкуте неуспешни трансфери екипата на Милан е пред официјализирање на договорот со напаѓачот на Севиља, Карлос Бака.
Колумбискиот репрезентативец со своите блескави игри во шпанскиот шампионат и Лигата на Европа веднаш го сврте вниманието кон себе.
За напаѓачот интерес покажува и Ливерпул, но високата понуда на „росонерите“ од 30 милиони евра најверојатно тимот од Андолузија ќе ја прифати.
Екипата од Сан Сиро цврсто е решена сезонава што доаѓа да се врати во врвот од „калчото“ и одново да игра главна улога во Лигата на Шампиони.
Ohridnews