Италијанскиот стратег Виченцо Монтела не чекаше долго време за нов предизвик после отказот од Милан кој го доби на почетокот од овој месец. „Авиончето“ одлета во Шпанија и се договори да го предводи тимот на Севиља.
Андулузијците останаа без прв човек во стручниот штаб, откако му врачија отказ на Едуардо Берицо, кој имаше лоши резултати во серија. Иначе, раскинувањето на договорот на Севиља со Берицо наиде на многу полемики, бидејќи Аргентинецот на фудбалерите им соопшти дека боледува од рак на простата и подлегна на операција.
– Севиља и Монтела си подадоа рака и потпишаа договор за соработка до 2019 година. Монтела треба да ги среди документите со Милан и да ни се придружи нам на тренинзите. – изјавија од клубот.
За младиот 43-годишен италијанскиот стручњак ова ќе биде интернационално искуство. Претходно, популарното „авионче“ ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан.
OhridNews