Легендарниот фудбалер на „росонерите“ Филипо „Пипо“ Инзаги на крајот од сезоната ќе биде сменат од тренерското столче.
Според италијанските медиуми првиот човек на Милан, Силвио Берлускони не е задоволен од резултатите, а вината ја најде во популарниот „пипо“.
За негов наследник се поврзува името на Лучијано Спалети, кој во минатото ги водеше Рома, Сампдорија, Удинезе и руски Зенит.
Миланезите сезонава обеќаваа многу, но по 19 одиграни се наоѓаат на осмата позиција на табелата со шест победи.
Мх.П.