Масимилијано Алегри не е повеќе тренер на Милан. Алегри беше на “тенок мраз“ по серијата слаби резултати на росонерите во првиот дел од сезоната. Чашата на незадоволство се прели по поразот од Сасуоло од 4-3. Додека не се најде стално решение со тимот ќе работи Масимо Тасоти.

Како најсериозни кандидати за клупата на Милан се споменуваат Филипо Инзаги и Кларенс Сидорф. Инзаги по завршувањето на играчката кариера работи во младинските категории во клубот, додека Сидорф е се уште активен играч во бразилскиот Ботофаго.

Алегри на клупата на Милан дојде од Каљари и на неа проведе 3,5 години. Во изминатите сезони Милан успеа да освои едно Скудето, и тоа во дебитантската сезона на Макс. Во трите сезони Милан успеваше да се пласира во Лигата на Шампиони, но таму не успеа да стигне подалеку од четвртфиналето.