Милан го победи Киево со 3-1 и остана во трка за местата кои водат во фудбалска Европа наредната сезона. “Росонерите“ до победата ги предводеше колумбискиот интернационалец Карлос Бака кој погоди по еднаш во двете полувремиња. Стрелец на третиот гол за Милан со кој се завери победата беше Лападула.
Дербито на колото мина во знакот на Наполи кој со 2-1 ја совлада Рома на Олимпико. Белгискиот интернационалец Мертенс беше одлучувачкиот фактор во триумфот на наполитанците.
OhridNews