Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај може да биде прво засиливување за Милан во зимскиот преоден рок кој следува.
Офанзивниот фудбалер на Сан Сиро прво би пристигнал како позајмен фудбалер, а во летниот преоден рок „росонерите“ кои имаат нови сопственици ќе го откупат целосно од Манчестер Јунајтед.
Депај, сезонава не е во плановите во Жозе Мурињо, откако настапи само еден меч и тоа против Нортемптон во англискиот Лига Куп.
Холанѓанецот на Олд Трафорд пристигна по барање на својот сонародник Луис ван Гал кој две сезони ги предводеше „црвените ѓаволи“ од клупата.
До сега, Депај не ги оправда 34-те милиони кои Манчестер Јунајтед му ги исплати на ПСВ Ајндховен за неговата преселба во Англија.
OhridNews