Екипата на Милан со 3-0 го совлада Интер и ги освои трите бодови во градската пресметка одиграна во 22-та рунда од италијанската Серија А.


„Росонерите“ поведоа во првиот дел со голот на бразилскиот интернационалец Алекс. Мечот ќе имаше сосема поинаков тек ако Мауро Икарди во 70-та минута ударот во белата точка го претвореше во погодок.


„Нероазурите“ многу скапо и сурово го платија нереализираниот пенал. Колумбиецот Бака и Нијанг ја погодија по еднаш мрежата на Хандановиќ за конечна и убедлива победа.


По триумфот „миланезите“ се искачија на шестата позиција додека Интер заостана веќе девет бодови од лидерот на табелата Наполи.

Резултати: Киево – Јувентус 0-4, Болоња – Сампдорија 3-2, Џенова – Фиорентина 0-0, Наполи – Емполи 5-1, Торино – Верона 0-0, Удинезе – Лацио 0-0, Милан – Интер 3-0.

Табела: Наполи 50, Јувентус 48, Фиорентина 42, Интер 41, Рома 38, Милан 36…

Мх.П.