Фудбалскиот клуб Милан потврди дека постигнал договор со хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ кој на „Сан Сиро“ ќе пристигне од Фиорентина.
Трансферот на Калиниќ се претвори во вистинска „шпанска серија“, Милан од самиот почеток на преодниот рок се обидуваше да го донесе во своите редови, но тимовите не можеа да се договорат околу обесштетувањето.
„Росонерите“ објавија дека конечно е постигнат договор, односно дека оваа сезона за сума од пет милиони евра Калиниќ ќе настапува како позајмен фудбалер, а наредната сезона Милан ќе мора да го откупи за сума од 20 милиони евра.
Калиниќ треба да пристигне во Милано и кога ќе ги мине лекарските прегледи ќе го потпише договорот со Милан.
OhridNews