Италијанскиот калчолигаши Милан и Јувентус отворено ја почнаа трката за потписот на Стеван Јоветиќ, кој ги брани боите на Манчестер Сити.
Црногорскиот репрезентативец не е задоволен од третманот на Етихад, а се кулминираше зимата кога менаџерот Мануел Пелегрини го изостави од списокот фудбалери за продолжението од Лигата на Шампиони.
Јувентус на Јоветиќ му нуди годишна плата 3 милиони евра и десетката која најверојатно ќе остане без сопственик откако Карлос Тевез се изјасни за заминување од Торино.
„Росонерите“ во своите редови го повикуваат со гарантирањето на клучната улога во екипата. Милан пред почетокот на следната сезона гради нов тим и со Јоветиќ во составот ќе биде најавен новиот проект.
Иначе, Црногорецот во Англија замина од Фиорентина каде успешно настапуваше пет сезони.