Екипите на Милан и Лацио ги поделија бодовите на Сан Сиро ремизирајќи 1-1 во 30-та рунда од италијанската Серија А.


Двата состави имаа фуриозен почеток постигнувајќи погодоци во првите 15 минути. „Лацијалите“ поведоа со голот на Пароло во 9-та, а Карлос Бака изедначи во 15-та минута.

  
Мечот продолжи во изедначена битка на средината на теренот, а повеќе шанси за втор погодок имаше домашниот состав.

„Росонерите“ дури во финишот се одлучија да нападнат откако Лацио остана без Лулиќ кој доби црвен картон, но не вроди со плод и ги поделијата бодовите.

Резултати: Аталанта – Болоња 2-0, Фросиноне – Фиорентина 0-0, Сампдорија – Киево 0-1, Сасуоло – Удинезе 1-1, Торино – Јувентус 1-4, Верона – Карпи 1-2, Наполи – Џенова 3-1, Милан – Лацио 1-1.

Табела: Јувентус 70, Наполи 67, Рома 60, Фиорентина 55, Интер 55, Милан 42…

OhridNews