Милан и Наполи забележаа идентични 3-1 победи во осминафиналните мечеви од Копа Италија. Стрелци на головите за Милан беа Робињо, Пацини и новата аквизиција Хонда. Почесниот гол за тимот на Специја беше Ферари. 

Наполи на крилата на Калехон со пресврт ја совлада Аталанта. Тимот од Бергамо преку Де Лука дојде во предност, една минута подоцна Калехон израмни, со контраверзен погодок пресвртот го навести Инсиње, точка на победата стави Калехон во финишот на мечот.

Во четвртфиналето ќе се сретнат : Јувентус – Рома, Милан – Удинезе, Фиорентина – Сиена, Наполи – Лацио.