На отворањето на новата сезона во Италијанската Сериа А, вчера, Милан и Наполи стигнаа првите победи, додека Интер спасуваше бод во Торино. На мечот со истоимениот домаќин поцрвене новата аквизисија Видиќ, а јунак на средбата беше голманот на „нероаѕурите“ Хандановиќ кој одбрани пенал. Претходно во саботата победи забележаа Јувентус и Рома.
Серија А, недела:
Милан-Лацио 3:1
Аталанта-Верона 0:0
Чезена-Парма 1:0
Џенова-Наполи 1:2
Торино-Интер 0:0
Палермо-Сампдорија 1:1
Удинезе-Емполи 2:0
Сабота:
Киево-Јувентус 0:1
Рома-Фиорентина 2:0.