Фернандо Торес е нов фудбалер на Милан. Шпанскиот репрезентативец во наредните две сезони ќе настапува како озајмен фудбалер од Челси. Торес по редовните медицински прегледи ќе се стави на располгање на тренерот Филипо Инзаги.

Торес својата кариера ја започна во Атлетико Мадрид каде во 136 меча постигна 58 гола.Вистинскиот подем го доживеа во дресот на Ливерпул постигнувајќи 81 гол во 142 меча. Во синиот дрес на Челси одигра 172 меча постигнувајќи 45 гола.

Со репрезентацијата на Шпанија стана двапати првак на Европа, (2008 и 2012) како и светски првак 2010.