Италијанскиот калчолигаш Милан избегна драстична казна или суспензија од УЕФА за прекшувањето на трансфер фер плејот и долгот од 300 милиони евра кон одредени фудбалери и субјекти.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Милан само парично со 20 милиони евра, од кои 5 ќе треба да исплати одма, а преостанатите 15 на рати во следниве сезони.
На „росонерите“ им се закануваше забрана за трансфери од една сезона и исклучување од европските натпревари, но сето тоа падна во вода.
Милан во последниот преоден рок се засили со десеттина фудбалери, а токму тоа беше причината инспекциите од УЕФА да ги исчешлаат документите на Сан Сиро.
OhridNews