Екипата на Милан нема намера да се предаде и ќе се бори до крај за местата на табелата во Серија А кои водат во Лигата на Шампиони. „Росонерите“ борбата до последен здив ја најавија со минималната победа (1-0) на Артемио Франки против тимот на Фиорентина.

Со победата во Фиренца, Милан ја задржа разликата од три бодови со Аталанта која победи против Џенова 2-1 на домашен терен и му се доближи на Интер на еден бод, кој пак има меч помалку.
До крајот на сезоната остануваат уште две рунди, а на Милан му требаат исто толку победи за одржување на шансите за живот за елитен фудбал на Сан Сиро следната сезона.
OhridNews











