Екипата од Сан Сиро доведе нов фудбалер во своите редови, откако го промовираше Хакан Чаланоглу. Турскиот репрезентативец Милан го засили од германскиот Баер Леверкузен во трансфер вреден 20 милиони евра.
Чаланоглу успешно го мина лекарскиот преглед и стави потписот на четиригодишниот договор. Турскиот фудбалер суспендиран беше четири месеци од ФИФА поради кршење на договор од 2011 година.
Мајсторот за слободни удари како што го нарекуваат Чаланолгу е вкупно шесто засилување за екипата на Милан. Претходно во таборот пристигнаа Рикардо Родригез, Андре Силва, Френк Кеси, Матео Мустачио и Фабио Борини.
OhridNews