Реновираниот тим на Милан немаше баш добра премиера, откако претрпе пораз од Борусија Дортмунд (3-1) во првата рунда од рамките на Интернационалниот куп во Кина.

Двете екипи не настапија со најквалитетни состави, особено Милан кој се засили со десет фудбалери во летниот преоден рок. „Милионерите“ до победата стигнаа со два голови на Пјер Омерик Аубамејанг и едниот на Нури Сахин. Почесниот погодок за „росонерите“ го постигна Карлос Бака.

Милан за четири дена ќе има шанса за поправен, а противник ќе му биди составот на Баерн Минхен.

OhridNews