Составот на Милан остана без едно планираните засилувања во зимскиот преодек рок, откако напаѓачот на Севилја Луис Муриел ја одбра Фиорентина.
„Росонерите“ долго време преговараа со Севилја за услугите на колумбискиот репрезентативец, но „виолетовите“ влетаа со конкретна понудата и го „зграпчија“ офанзвиниот фудбалер.
Муриел до крајот на сезоната на Артемио Франки ќе настапува како позајмен фудбалер со можност Фиорентина целосно да го откупи договорот на Колумбиецот.
27-годишниот фудбалер во првата полусезона во дресот на Севилја запиша шест настапи и постигна само еден погодок. Муриел веќе има искуство во Серија А носејќи го дресот на Удинезе, Лече и Сампдорија.
OhridNews