Екипата на Наполи пропушти голема шанса да се врати на врвот во Серија А откако ремизираше на Сан Паоло со Милан 1-1 во последниот натпревар од 26-та рунда.
„Азурите“ не го искористија киксот на лидерот на табелата Јувентус кој ремизираше без голови со Болоња во петокот.
Наполи поведе со голот на Инсиње во 39-та минута, но Милан возврати по само пет минути со погодокот на Бонавентура.
После комплетирањето на 26-та рунда Јувентус остана нов лидер, пред Наполи со бод повеќе. Милан е на шестата позиција со четири бодови дефицит од градскиот ривал Интер.
OhridNews











