Ангажманот на десет фудбалери не ги задоволи апетите на Милан и управата на клубот. „Росонерите“ се впуштаат во трансфер офанзива за фудбалерот на Торино, Андреа Белоти.
Милан веќе има и план како да го ангажира Белоти кој на трансфер пазарот вреди од 70 до 80 милиони евра. Клубот од Сан Сиро во Торино ќе ги испрати Палета и Нијанг и ќе доплати 40 милиони евра за ангажман на италијанскиот репрезентативец.
Сепак, Милан (ќе) има сериозна конкуренција, бидејќи во трката за потписот на Белоти се наоѓаат уште Челси и Пари Сент Жермен.
Репрезентативецот на „азурите“ е една од главните трансфер мети на пазарот и сигурно Торино ќе ја избере понудата која ќе биде финансиски најисплатлива.
OhridNews