Италијанскиот клуб, Милан го презентираше Жерард Делофеу кој на Сан Сиро доаѓа на позајмица од екипата на Евертон.
Шпанскиот интернационалец кој потекнува од школата „Ла Масија“ од Барселона во Милан ќе мине шест месеци, а потоа клубот од Сан Сиро ќе има можност комплетно да го откупи неговиот договор.
Делофеу треба да биде од голема помош за Винчецо Монтела во нападот кој го ослободи Луис Адријано од обврските.
„Росонерите“ по 20 одиграни мечеви во Серија А имаат 37 бодови и заостануваат седум од Наполи кој се наоѓа на третото место на табеата.
OhridNews