Фудбалскиот клуб Милан има желба во јануарскиот преоден рок да ги донесе во своите редови играчите на Реал Мадрид, Иско и Асиер Иљараменди.

Како што пренесува весникот AS, Милан сака да ги искористи добрите односи коишто ги има со Реал и да донесе како позајмени, барем еден од споменатите двајца фудбалери.

Истиот извор пренесува дека мала е веројатноста Иско да замине од Мадрид, особено што во последно време се почесто се наоѓа во стартниот тим на Реал, додека многу поверојатно е заминувањето на Иљараменди.

Милан по осум одиграни натпревари во Серија А се наоѓа на шестото место со 15 бодови, седум помалку од лидерот Јувентус.

 

„Макфакс“