Управата на Милан сериозно се фати за работа, односно активно се впушти на трансфер пазарот барајќи играчи кои ќе го засилат клубот од Сан Сиро.
„Росонерите“ се очекува да добијат неколку засилувања, а за сега екипата се поврзува со три имиња меѓу кои се стоперот на Виљареал, Метју Мосакио, фудбалерот на Аталанта, Франк Кеси и напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ.
Првите контакти со „жолтата подморница“ се остварени и Мусакио во Милано се гледа како идеален и долгогодишен партнер за Андреа Ромоњали во срцето од одбраната.
Кеси импресионираше со своите игри сезонава во дресот на Аталанта, додека Калиниќ со своето искуство ќе треба многу да помогне во нападот.
Трите потенцијални трансфери на „росонерите“ ќе ги чинат 80 милиони евра кои не би требало да бидат проблем после смената на управата која ветува враќање на Милан на старите патеки.
OhridNews