Екипата на Милан забележа убедлива победа (4-0) против германскиот првак Баерн Минхен на контролниот натпревар кој се одигра во Кина во рамките од Куп на шампиони.
„Росонерите“, кои се најактивни на трансфер пазарот во летниот преоден рок полека влегуваат во посакуваниот ритам и наговестуваат враќање во врвот на фудбалскиот крем.
Три од четирите голови миланезите постигнаа во првиот дел. Франк Јаник Кеси го отвори резултат во 14-та минута, а соо двата голови на Патрик Кутроне во 25-та и 43-та минута го комплетираше одличното полувреме. Пет минути пред крајот од мечот Хакан Чаланоглу го запечати триумфот на „росонерите“.
За Милан ова е прва победа, откако во првиот меч во Кина претрпе пораз од Борусија Дортмунд.
OhridNews