Екипата на Милан ќе биде домаќин во големото финале на Лигата на шампионите-ЛШ, што на 23 мај ќе се одигра во Атина. Вака одлучи ждребката на УЕФА, па официјално на големиот семафор на олмпискиот стадион во Атина ќе стои Милан-Ливерпул.

Росоњерите како домаќини го добија правото на избор на дресови со кои ќе настапат, а Милан наместо во традиционалната црвено-црна комбинација, ќе игра во бели дресови. Миланезите белите дресови ги сметаат за среќни бидејќи пет од шесте титули во ЛШ имаат освоено кога играле во бела комбинација.Ливерпул ќе игра во традиционалните црвени дресови.


Инзаги во среќниот дрес на Милан

Милан настапи во бели дресови и на финалето во 2005 година во Истанбул кога во неверојатен натпревар Ливерпул се врати од негатива од 3 гола и на крај славеше на пенали. Дали овој пат Милан ќе има  повеќе среќа со белите дресови ќе сочекаме до 23 април.

МП/Г.М.