Фудбалерите на Милан ја забележаа третата победа во низа совладувајќи го Емполи со 3-0 пред своите гледачи во воведниот натпревар од 25-та рунда во Серија А.

„Росонерите“ до новиот триумф стигнаа со три голови во вторите 45 минут, откако во првите не најдоа начин да го пробијат гостински бункер. Сите дилеми околу побендикот домашните фудбалери ги решија во две минути. Полскиот репрезентативец Криштоф Пјатек погоди за 1-0 во 49-та минута, а во 51-та со погодокот на Френк Кеси тимот на Милан поведе со 2-0. Победата ја заокружи Саму Кастилјехо со голот во 67-та минута.

Со трите бодови од мечот со Емполи, избраниците на Џенаро Гатузо се одлепија четири поени од петтопласираната Рома која в сабота (утре) гостува кај Фросиноне.

OhridNews